Данците конечно покажаа заби: Ваквите шеги за Гренланд може да значат војна

од Nikola Popovski
344 прегледи

Расмус Јарлов, претседател на Комисијата за одбрана при Данскиот парламент, го критикуваше генералниот секретар на НАТО Марк Руте поради шегите со Доналд Трамп за Гренланд, откако двајцата лидери се сретнаа вчера во Белата куќа.

Како што претходно беше објавено, за време на средбата меѓу Трамп и Руте, шефот на САД беше запрашан за потенцијалната анексија на Гренланд.

„Мислам дека тоа ќе се случи. Само размислувам, претходно не сум размислувал многу за тоа, но седам со човек кој може да биде од големо значење… Марк, ова ни треба за меѓународна безбедност… затоа што имаме многу наши омилени играчи, кои крстарат по брегот“, рекол Трамп.

Руте потоа возвратил: „Не сакам да го вовлечам НАТО во ова“, но се согласи дека Гренланд и Арктичкиот круг претставуваат безбедносен предизвик, укажувајќи на зголеменото присуство на Кина и Русија во областа.

Одговарајќи на коментарите на Трамп и Руте, данскиот политичар одговорил: „Не ги цениме таквите шеги на генералниот секретар на НАТО со Трамп за Гренланд. Тоа би значело војна меѓу две земји од НАТО. Гренланд штотуку гласаше против моментална независност од Данска и никогаш не сака да биде дел од САД“, напиша Јарлов на мрежата „Х“.

Слични содржини