Турција прими девет повредени од трагедијата во Кочани за понатамошен третман

од Даниел Ѓорѓиевски
61 прегледи

Во знак на солидарност, Турција пружи медицинска помош со испраќање авиони од Министерството за здравство и Министерството за одбрана, кои транспортираа девет повредени лица од трагедијата во Кочани.

Првиот авион слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што тројца повредени веднаш беа префрлени во специјализираниот центар за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“.

Вториот авион транспортираше уште шест лица во болницата „Билкент“ во Анкара, каде што ќе добијат понатамошен третман од врвни медицински тимови.

Овој потег е дел од меѓународната поддршка за настраданите и нивните семејства, а турските власти изразија подготвеност за понатамошна помош доколку биде потребно.

Слични содржини