Потресни зборови на наставничка по смртта на две момчиња од Кочани: „Ова беше најлошиот викенд во мојот живот…“

од Nikola Popovski
3,1K прегледи

Наставничката Елена Накова преку емотивна објава на Фејсбук се прости од своите ученици Никола и Матеј кои загинале во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Драги деца, не можам да им верувам на моите очи и уши дека веќе не сте со нас. Не можам да го заборавам моментот кога бевте 9-то одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте заедно во иста клупа.

Никола, драго дете, твојата насмевка и посветеност секогаш ме воодушевувале. Од вчера во моите уши ми одѕвонува вашето рецитирање на песната ‘Кога ја сакав Дениција’ која ја вежбавме за училишната изведба. Ах, Матеј, секој понеделник и секој ден потоа, кога ќе излезеше од училницата, ќе се збогуваше со мене со зборовите „Убава и вечна учителке“, напишала Накова.

„Ова беше најлошиот викенд во мојот живот. Многу млади животи, нечии сакани деца, веќе не се меѓу нас! Почивајте во мир меѓу ангелите. Господ да ве прими во своето царство и да продолжи да свети вашата позитивна енергија меѓу небесните ангели“, напишала Накова.

Трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ однесе 59 животи. Повредени се повеќе од 150 луѓе, од кои повеќе од 40 се во критична состојба. Најмладата жртва што го загубила животот во клубот на смртта имала 14 години.

За страшната трагедија осомничени се 23 лица, а 11 од нив се во притвор. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција рече дека вез телата на 15 лица е извршена обдукција, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.

Во клубот имало 500 луѓе, а биле продадени 250 билети.

Слични содржини