ОЈО отвори истрага: Седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

од Даниел Ѓорѓиевски
371 прегледи

Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција отвори истражна постапка против седум полициски службеници под сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“.

Како што информираат од обвинителството, осомничените, како вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, со изготвување, потпишување и одобрување позитивна согласност му овозможиле на правно лице да добие лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре, иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Со тоа, тие предизвикале значителна опасност за животот и здравјето на луѓето, дозволувајќи објектот да работи во супстандардни услови. На 16 март 2025 година, токму во ова кабаре избувнал пожар во кој животот го загубија 59 лица, а 196 беа тешко повредени.

Ценејќи дека постојат основи за притвор, јавниот обвинител поднесе предлог до судија на претходна постапка за определување мерка притвор за сите седум осомничени.

Слични содржини