18
Полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на 21 март 2025 година, околу 02:50 часот, привеле 44-годишен државјанин на Турција, Т.Ј., на регионалниот пат Неготино-Градско, соопштуваат од МВР.
При извршена контрола на возилото „Рено Клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал осомничениот, биле пронајдени пет мигранти од Египет, нагласуваат од МВР
Возилото е одземено, а Т.Ј. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.