Како изгледа животот на Робињо во затвор – чита книги, поправа телевизори…

од Nikola Popovski
185 прегледи

Помина точно една година откако поранешниот бразилски фудбалер Робињо (41) заврши во затвор, каде што издржува деветгодишна казна за групното силување на албанскa државјанка во 2013 година во Милано. Иако Робињо цело време тврдеше дека односот бил со согласност на девојката, тој не успеа да избегне затворска казна.

Неговите адвокати се уште се обидуваат да ја оспорат казната преку бројни жалби и правни маневри, тврдејќи дека бразилскиот судски систем треба да има примат пред италијанскиот, но засега безуспешно. Робињо се наоѓа во озлогласениот затвор Тремембе, сместен во внатрешноста на Сао Паоло, во кој вообичаено се сместени затвореници кои се добро познати на пошироката јавност или кои би можеле да бидат изложени на закани во други затвори поради нивната слава или криминално минато.

Робињо, поранешен играч на Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, моментално се обидува да добие делумна слобода благодарение на доброто однесување. Бразилските медиуми пишуваат дека примерно се однесува во затворот, има добри односи со други затвореници и редовно учествува во спортски активности во затворот.

Кога игра фудбал, тоа го прави во позајмени копачки, а неговото прво појавување било особено „импресивно“.

Покрај спортот, Робињо учествува и во бројни затворски активности – поправа телевизори и радија, благодарение на курсот за електроника од 600 часа, се грижи за затворската градина, чита и пишува и ги има завршено сите 10 модули од Програмата за образование за работа и граѓанство. На овој начин тој се обидува да ја намали должината на казната – на секои 12 часа работа му носи еден ден помалку затвор.

Тој е сместен во ќелија од осум квадратни метри која ја дели со 22-годишен затвореник осуден за поттикнување самоубиство и самоповредување. Посетите се дозволени само за членови на семејството од прв степен – родители, деца и брачен другар. Негови најчести посетители се неговиот син Робињо Јуниор, 17-годишник кој неодамна потпиша договор со Сантос.

Што може да му донесе семејството? Храна, слатки, месо, зеленчук, вода, безалкохолни пијалоци, но и облека како апостолки, бермуди и џемпери, прибор за пишување, списанија и книги – но без порнографија.

Првите десет дена ги поминал во изолација пред да биде префрлен во заедничка ќелија. Тој се уште тврди дека врската со девојката била консензуална, а дека неговата ДНК не била пронајдена бидејќи користел заштита: „Никогаш не сум го негирал тоа. Можев, бидејќи мојата ДНК не беше пронајдена. Но, јас не сум лажго“.

Меѓутоа, судството одлучи поинаку. Во 2020 година, италијанскиот Врховен суд ја потврди деветгодишната затворска казна за Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко за „групно сексуално насилство“. Биле вклучени уште четворица Бразилци, но тие брзо ја напуштија Италија и избегнале кривично гонење. Еден од нив, Рудни Гомес, поранешниот телохранител на Робињо, бил пронајден мртов оваа недела.

Слични содржини