Робињо ќе мора да оди во затвор, казната ќе ја одлежи во Бразил

од Симе Стоиков

Поранешниот бразилски фудбалер репрезентативец, Робињо ќе треба да одлежи девет години затвор во Бразил – казната на која беше осуден во Италија за силување. Одлуката ја донесе судот во Бразил во средата, по долго размислување и презентирање на аргументите.

Робињо беше осуден на италијански суд во 2017 година за учество во групно силување што се случи во 2013 година. Жртвата била дваесет и двегодишна девојка од Албанија.

Робињо живее во Бразил, кој не ги екстрадира своите државјани во други земји. Исто така беше сослушано во текот на судењето, односо државата нема такви правни односи со Италија, кои вклучуваат Бразил да организира извршување на санкции донесени од италијанскиот суд. Беше наведено дека нема основа Бразил самиот да го води судењето бидејќи на Робињо не му се судеше во Италија во отсуство.

По многубројните расправии, судот на крајот одлучи Робињо казната да ја отслужи во Бразил. Засега останува на слобода додека не истече рокот за жалба на оваа одлука.

Робињо во времето кога го извршил делото играл за Милан, а во Италија пресудата станала правосилна во 2022 година, кога Врховниот суд на Италија одлучил по жалба во втор степен, со што се потврдиле првостепените и второстепените одлуки.

Слични содржини