Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше со Велс во второто коло од квалификациите за СП 2026 година. Натпреварот во Скопје заврши 1:1. На самиот крај, во судиското надополнување на вториот дел, се одвиваше вистинска драма.
Македонија прва поведе, кога Миовски погоди во 90+1 минута. По грешното додавање на Џо Ален, напаѓачот на шпанска Џирона излезе сам пред велшкиот голман и рутински го совлада.
Две минути подоцна Велс промаши зицер, но се поправи во последните моменти, поточно во 90+6 минута, со многу среќа, кога Брукс погоди за важен бод за гостите.
Македонија со тоа останува на првото место во групата со четири бода, додека Велс е втор и има полоша гол-разлика. Во истата група Казахстан го совлада Лихтенштајн со 0:2. Стрелци за Казахстан беа Александар Марочкин и Максим Самородов.