Воената парада што се одржа во вторникот во Атина по повод националниот ден на Грција, предизвика контроверзии откако учесниците извикуваа слогани кои се сметаа за навредливи за Турција.
Сведоци известиле дека дел од војниците на парадата скандирале слогани како „Кипар е грчки“, како и „Ф*к Турција“ пред толпата и малите деца.
Иако парадата традиционално се одржува како симбол на грчката национална гордост и независност, оваа година таа стана и предмет на дипломатски тензии.
Остри коментари се појавија и под видеото од парадата објавено на социјалните мрежи, меѓу кои се вели: „Да имаше чесен обвинител, сите од поручници до началник на Генералштабот ќе завршеа на воен суд“.
During Greece’s state-held Independence Day parade, the soldiers chanted:
“Cyprus is Greek. F*ck Turkey.” pic.twitter.com/h0APIdrAkQ
— Clash Report (@clashreport) March 25, 2025
Пред инцидентот, турската амбасада во Атина испратила честитки до Грција за нејзиниот национален ден, нагласувајќи ја важноста од одржување на добрососедските односи. Сепак, слогани извикувани за време на парадата ја доведуваат во прашање искреноста на напорите за подобрување на билатералните односи.
Остар став кон инцидентот зазеде и грчката опозициска партија СИРИЗА која ги осуди „неприфатливите и историски неосновани пароли“ извикувани од учесниците на Поморската школа за подофицери. Во соопштението на партијата се вели дека инцидентот треба да се истражи и да се дадат одговори.