Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави изработка на нов Закон за пожарникарска служба, со цел да се зајакнат капацитетите на територијалните противпожарни единици (ТППЕ) во општините. Оваа иницијатива доаѓа во време на долгогодишни проблеми со недостиг на пожарникари, особено во ТППЕ-Кочани, кои храбро учествуваа во гаснењето на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 59 млади луѓе.
„Вработувањето во пожарникарските служби е еден од проблемите што директно ги погодува локалните самоуправи. Работиме на новиот Закон за пожарникарска служба, и веднаш по неговото донесување, ќе ги зајакнеме капацитетите на пожарникарската служба во целата земја, со посебен акцент на град Кочани“, изјави премиерот Мицкоски.
Во моментов, во ТППЕ-Кочани работат само 16 пожарникари, иако според бројот на жители во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци, потребен е вкупно 33 пожарникари. Во изминатите години, Општина Кочани го носела товарот за обезбедување на платите, опремата и возилата, додека руралните општини Чешиново-Облешево и Зрновци не учествуваат финансиски во функционирањето на ТППЕ-Кочани.
Оваа новина се очекува да ја подобри ситуацијата во пожарникарството и да обезбеди поголема безбедност за граѓаните.