Сојузниците на Америка во Азија страдаат речиси исто колку и Кина

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Иако царините на америкснакиот претседател Доналд Трамп првенствено се насочени кон Кина, реакцијата на пазарот покажува дека американските сојузници во Азија (Јапонија, Јужна Кореја и Австралија) страдаат речиси исто толку тешко.

Од четвртокот, акциите на јапонските производители на автомобили како што се Тојота, Хонда и Нисан забележаа остар пад по воведувањето на царина од 25 отсто за сите увезени автомобили во САД. На удар се и акциите на јапонските банки, бидејќи аналитичарите проценуваат дека е малку веројатно централната банка да може да ги зголеми каматните стапки поради влијанието врз втората по големина азиска економија.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба посочува дека Јапонија е најголемиот странски инвеститор во САД и затоа треба да има ослободување од царина, но преговорите со Вашингтон досега не дадоа резултат.