И тикерот на Македонска берза во „црвено“

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Акциите на Алкалоид, Комерцијална банка, Макпетрол, Стопанска банка, НЛБ банка утрово се во „црвено“, покажува тикерот на Македонска берза. Согласно и последните податоци од петокот (04.04.025), најголемиот дел од најтргуваните акции на Берзата, имаа пад на вредноста.

Процентуално, намалување имаат акциите на: Алкалоид (-0,73%), Стопанска Банка Скопје (-3,28%), НЛБ Банка (-0,68%), Макпетрол (-0,65%), Комерцијална Банка (-0,34%)… Индексот МБИ10 во петокот ја „затвори“ Берзата со 10.437,41 поен.

Инаку, тикерот ги прикажува податоците за просечните цени на хартиите од вредност и нивната процентуална промена во однс на официјалната просечна цена постигната претходниот ден на тргување со задоцнување од најмногу 15 минути.

Целата анализа прочитајте ја на „Бизнис Инфо“

Слични содржини