Русија, САД и Украина можеби се поблиску до договор, но Вашингтон не е задоволен од моменталната ситуација, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Се среќаваме со Русија, се среќаваме со Украина. Изгледа дека се приближуваме (до договор). Но, не ми се допаѓаат сите бомбардирања во последните недели. Тоа е страшно“, рече Трамп за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.
Американскиот лидер го коментираше и фактот дека Русија не е на списокот на земји на кои не им беа воведени нови царини.
„Причината е што ние во основа не тргуваме со Русија“, информира Трамп.
Нетанјаху, од своја страна, истакна дека, според планот на Трамп, Украина и Сирија се меѓу потенцијалните места за раселување на 1,5 милиони жители на Газа.
Израел со години одржува блокада врз Газа, претворајќи ја во „најголем отворен затвор во светот“. Речиси два милиона од нејзините 2,3 милиони жители се принудно раселени од почетокот на војната, по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година, кои се соочуваат со акутен недостиг на храна, вода и лекови.