Трамп за Украина: Не започнувате војна против некој кој е 20 пати поголем од вас

од Nikola Popovski
688 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот претходник Џо Бајден се одговорни за војната во Украина.

„Кога започнувате војна, мора да знаете дека можете да ја добиете, нели? Не започнувате војна против некој што е 20 пати поголем од вас и потоа да се надевате дека луѓе ќе ви обезбедат проектили“, рекол Трамп, критикувајќи ги барањата на Зеленски.

Трамп претходно изрази поинаков став за време на приемот на салвадорскиот претседател Најиб Букеле во Белата куќа, признавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не е без безгрешен. Тој рече дека Зеленски, Бајден и Путин ја делат вината за војната во Украина.

Фокусот на Трамп беше првенствено на Зеленски, со кого се сретна во Белата куќа на крајот на февруари, каде што тој и потпретседателот Џеј-Ди Венс јавно го прекорија.

Пред состанокот, Трамп ги обвини Зеленски и Бајден на платформата „Truth Social“ дека не успеале да ја спречат војната во Украина.

„Претседателот Зеленски и корумпираниот Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа фарса“, напиша тој.

Слични содржини