Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, кажа Кос

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Северна Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР).

Таа потенцира дека од вкупната сума од шест милијарди евра од Планот за раст, за земјава се предвидени 715 милиони евра, во чии рамки е и предфинансирањето од 52 милиони, од кои еден дел се исплатени директно во државниот буџет, а останатиот дел оди преку Инструментот за реформи и раст на Западниот Балкан.

– Во тој поглед, не треба да се грижите за Северна Македонија. Таа навистина е на добар пат, нагласи Кос.

Слични содржини