Димитриевски: ЗНАМ не е приврзок на власта, комуникацијата со ДУИ е неприфатлива

од Љубиша Владимиров
811 прегледи

Максим Димитриевски, гостувајќи во емисијата „Само интервју“, зборуваше за актуелните политички прашања и позицијата на неговото движење ЗНАМ. Тој најави дека на крајот на месецот ќе се спроведе анкета за да се утврди мислењето на граѓаните за неговото и за делувањето на ЗНАМ. Потсети дека движењето е позиционирано во 50 општини и не е приврзок на власта – несогласувањата се решаваат внатре во коалицијата.

Посочи дека секој што одржува каква било комуникација со ДУИ не може да биде дел од владејачкото мнозинство. Според него, лидерските средби се само форма без суштина, бидејќи оние што ги создале проблемите не можат да понудат решенија. Димитриевски изрази задоволство од работата на Филков и нагласи дека моралната одговорност на градоначалникот на Кочани е за поздрав, но очекува сите поднесени обвиненија за трагедијата да паднат на суд.

Вистинската одговорност, вели, е кај предизвикувачот и оној што дозволил ситуацијата да се случи. Во контекст на надворешната политика, додаде дека во Брисел се потврдиле вистинските намери на Бугарија, а инвестициите во коридорите, особено во Вардарскиот, се од големо значење за државата.

Слични содржини