24 години од масакрот кај Вејце

од Nikola Popovski
105 прегледи

Денеска се навршуваат 24 години од заседата кај шарпланинското село Вејце во која загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили – четворица припадници на спацијалната единица „Волци“ и четворица припадници на посебната единица на полицијата од Битола.

На 28 април 2001 година беа убиени Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Масакрот се случил во 17:45 часот откако од заседа биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осумтемина припадници на безбедносните сили.

Во нападот беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.

Се очекува членови на Владата, партиите и граѓански здруженија да положат цвеќе и да оддадат почит на местото во спомен на загинатите.

Слични содржини