31
Општина Штип денеска го одбележува денот на раѓањето на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, со отворен ден на Спомен-собата во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ и други културни активности. Посетителите имаа можност да разгледаат лични предмети, фотографии и документи од животот на Глигоров, а преку мултимедијални содржини се запознаа со неговиот придонес во историјата на македонската државност.
На оваа манифестација, Општинскиот мултимедијален центар редовно го одбележува животот и делото на Глигоров, кој беше претседател на Република Македонија од 1991 до 1999 година. Спомен-собата беше отворена во 2018 година благодарение на семејството Глигорови.