152
На 4 мај во утринските часови, во село Двориште, општина Берово, бил нарушен јавниот ред и мир при физичка пресметка помеѓу две лица – А.К. (75) и В.Р. (45), и двајцата жители на истото село. Според пријавата во ОВР Берово, конфликтот е резултат на претходни недоразбирања, а за време на пресметката биле употребени и тврди предмети.
Подоцна истиот ден, В.Р. дополнително пријавил дека пред неговиот дом, В.К. (53), исто така од село Двориште, се обидел да го прегази со патничко возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.