Сиљановска – Давкова: Копенхашките критериуми ќе не направат досадна европска држава, ветото не е пријателски инструмент

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Во однос на нашето чекање за ЕУ повторувам дека верувам оти Копенхашките критериуми се тие што ќе направат стандардна европска досадна држава, дека ветото не е пријателски инструмент, дека очекувам разбирање. Се разбира ние мора да ја тераме државната агенда, бидејќи легитиметот извира од граѓаните, мислам економски, културно, научно да се развиваме, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на заедничката прес-конференција во Вила Водно со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Претседателката додаде дека земјава е многу напред во однос на хармонизирањето со акито и напомена дека нашите проблеми имаат поинаква природа.

„Нашите проблеми се од друга природа, нашите проблеми се врзани, што е многу чудно за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот, нешта за кои не се разговара и преговара. Мислам дека ветото и натаму ќе предизвика проблеми, нема да останеме осамен случај и дека на некој начин треба она што е во рамки на Копенхашките критеиуми да си го бараме местото, нагласи таа и додаде дека во целиот тој контекст мошне важни се и добрососедските односи.

Слични содржини