Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, е убеден дека неговиот тим е најдобар во Лигата на шампионите оваа сезона, и покрај поразот во полуфиналето од Пари Сен Жермен.
„Топџиите“ загубија со вкупен резултат 1-3 од францускиот шампион, откако загубија со 1-2 во реваншот во Париз.
Головите на Фабијан Руиз и Ашраф Хакими му донесоа на ПСЖ водство од 2-0, пред Букајо Сака да постигне гол за утеха. Сепак, со низата одбрани на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, во двата натпревари, тимот на Луис Енрике обезбеди пласман во финалето, каде што ќе игра против Интер Милано.
„Не мислам дека досега имало подобар тим на турнирот од она што го видов, но ние сме елиминирани. Мислам дека заслуживме многу повеќе во двата натпревари. Кога ќе ги погледнете двата натпревари, нивниот најдобар играч на теренот беше голманот, тој беше разликата за нив во натпреварот. Бевме многу блиску, многу поблиску отколку што покажа резултатот, но за жал бевме елиминирани. Многу сум горд на играчите. Има нешто дополнително што треба да го направиш добро на турнирот, а тоа не успеа. Бевме многу блиску и во долги периоди од двата натпревари бевме многу подобри од нив, но не сме таму и тоа сигурно боли. Ако сакаме да го освоиме овој турнир, мора да сфатиме дека има одредени работи што треба да ги подобриме“, изјави Артета за ТНТ.