ДУИ: Владата создава „нов спор за името“ кој треба да ја држи Македонија надвор од евроинтегративните процеси

од Nikola Popovski
632 прегледи

ДУИ порачува дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски воопшто не се грижи за европскиот пат на државата. Тврдат дека иако беше претставен како прв приоритет, премиерот и неговиот најблизок круг целосно се откажале од европското досие, и тоа веќе не го кријат во нивните настапи.

-Не само со небулозното одбивање на Уставното дополнувања со неколку малцинства, туку Премиерот наоколу се фали дека новата Влада успеала да ја надмудри и Грција во изигрување на преспанскиот „Ерга омнес“ и се фали дека сѐ помасовно се изоставува делот „Северна“ од името на земјава.  Најавија дека ќе оформат иницијатива за создавање консензус по прашањето на европската перспектива на земјава, што е преставува добра интенција. Но во јавноста секојдневно ги гледаме како внатре водат „лов на вештерки“ за тоа кој извршил поголемо предавство, кој кажал „Северна“, кој бара уставни измени итн.; додека во исто време и надвор создаваат непријатели наоколу и меѓу соседите, и во Брисел и во останатите европски политички центри, порачаа од ДУИ.

Партијата на Али Ахмети смета дека Владата свесно создава „нов спор за името“ кој треба да ја држи Македонија надвор од интегративните процеси кои ќе значат извлекување на земјата од балканската кал.

-На земјава ѝ е потребна нова политичка платформа која ќе има јасна европска перспектива, преку зачувување на националното достоинство на сите граѓани и сите етнички заедници. Оваа Влада целосно го загуби легитимитетот за остварување на таква платформа и затоа се потребни предвремени парламентарни избори, велат од Мала Речица.

Со сличен став вчера излегоа и од СДСМ. Порачаа дека наместо подобра позиција за преговори со ЕУ, добивме целосно замрзнување на процесот и блокада на европската агенда. Според најголемата опозициска партија, денес сме зад Албанија и зад Црна Гора, а Молдавија го зазема нашето место на патот кон ЕУ.

-Повеќе би рекла дека Таравари е повеќе согласен со нас дека процесот на европска интеграција не е ниту во втор план и е многу подолу во агендата на Владата. Од друга страна, земјите од соседството забрзано се стремат кон приклучување во ЕУ. Имаше големи ветувања во предизборието од страна на лидерот на Владата, Христијан Мицкоски дека имаат план, ама еве и после една година не го видовме. Очигледно планот беше дека ќе заборавиме на предизборните ветувања, рече пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини