Арсенал подготви огромен буџет: Ѓекереш прв на листата на желби

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Новиот спортски директор на Арсенал, Андреа Берта, има одврзани раце и треба да состави тим кој ќе биде конкурентен за сите трофеи следната сезона.

Управата на тој начин обезбеди буџет од најмалку 120 милиони за купување на напаѓач и играч од средниот ред.

Арсенал е особено несигурен кога станува збор за напаѓачи, бидејќи оваа сезона, освен Габриел Жесус, немаат играч кој одговара на таа позиција.

Виктор Ѓекереш сега е на мета како прв избор, иако Бенџамин Шешко од Лајпциг е исто така интересен за „топџиите“.

Португалските медиуми тврдат дека Арсенал е подготвен да му понуди на актуелниот лидер во трката за европската „Златна копачка“ нето плата од 8.300.000 евра по сезона.

За повеќе од пет години, тренерот на Арсенал, Микел Артета, потрошил 791 милион евра, додека од продажба заработил 227 милиони.

Во сето тоа време, Арсенал ги освои само ФА Купот и Комјунити Шилд, но сопствениците на лондонскиот клуб веруваат во Шпанецот.

Слични содржини