Повредените од Кочани не биле заштитени – студенти ги тужат Вучиќ и Павловиќ

од Љубиша Владимиров
115 прегледи

Студентите од Правниот факултет во Ниш денеска поднесоа кривична пријава до Вишото јавно обвинителство против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ. Тие ги обвинуваат дека неовластено влегле во одделенија за интензивна нега каде биле сместени повредениte од пожарот во Кочани.

Според студентите, станува збор за сериозни повреди на законот – загрозување на безбедноста, неовластено фотографирање и објавување на лични податоци, како и злоупотреба на службена положба.

Тие нагласија дека чекале институциите да реагираат, но откако тоа не се случило, самите решиле да поднесат пријава. Потсетуваат дека Вучиќ на 17 март влегол во интензивна нега во Белград, а Павловиќ следниот ден во Воената болница – и двете посети биле во присуство на медиуми, што, според нив, е спротивно на законите и медицинската етика.

Слични содржини