📽️Видео на кое Макрон и Ердоган се ракуваат е вирален хит – го зграпчи за прстот, а потоа…

од Nikola Popovski
246 прегледи

Снимка од францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган за време на самитот на Европската политичка заедница во Тирана предизвика големо медиумско внимание.

На видеото, кое стана вирално, се гледа како Макрон подава рака и го погалува Ердоган. Сепак, наместо да ја пушти раката на Макрон по ракувањето, турскиот претседател неочекувано го зграпчил прстот на францускиот лидер и го држел, при што погледот му бил насочен кон далечината.

Макрон стоел зборувајќи и обидувајќи се да ја ослободи раката, но Ердоган го пуштил неговиот прст само неколку секунди подоцна, по што двајцата лидери се насмеале.

За време на ракувањето, Ердоган цело време седел додека францускиот претседател стоел. Голем број луѓе под виралното видео, преку коментари прашуваа дали станува збор за суптилно прикажување на игра на моќ од страна на Ердоган и дали можеби го користел говорот на телото за да се спротивстави на обидот на Макрон да наметне доминација.

„Ердоган е познат по својата игра со глобалните лидери, а францускиот претседател повторно се обидува да ја покаже својата супериорност, што тој и претседателот Трамп ја прославија со ракување“, напишал еден корисник.

Макрон се обидел да воспостави психолошка супериорност ставајќи ја раката на рамото на претседателот, но Ердоган не му го дозволил тоа. „Го држеше цврсто прстот и не го пушташе“, коментирале од еден турски медиум.

Слични содржини