Лосон со одговор дали и кога можеме да очекуваме укинување на британските визи за македонските граѓани

од Nikola Popovski
51 прегледи

Британскиот амбасадор Метју Лосон одговори на прашањето дали наскоро можеме да очекуваме укинување на британските визи за македонските граѓани. Според него, лично како амбасадор вели дека би сакал да види олеснување на визниот режим.

„Не би се изненадиле колку многу луѓе зборуваат и тоа го бараат. Со толку силна трговска релација, има многу аргументи во полза на вакво олеснување. Но, ќе бидам исто толку искрен – прашањето за миграцијата е огромен внатрешен притисок за британската влада – можеби најголемото прашање за британските гласачи. Притисокот од глобалната миграција е толку големо и врз Обединетото Кралство и тешко е за британската влада да најде начин дури и за една држава“, истакнува Лосон во интервјуто за емисијата на „360 степени“.

Амбасадорот посочува дека ќе продолжат да разговараат и дека бизнис-заедницата го сака тоа…

„Ќе ве информираме како напредува процесот, но има многу аргументи за тоа. Од граѓаните разбирам дека визниот режим е една од работите за кои сакаат промена, вашата влада го покренува ова прашање секој пат кога ќе дојде во Лондон. И очекувам пак да го покрене“, заклучи Лосон.

Вчера беше ставен потпис на договорот влада со влада со Обединетото Кралство. Од Владата порачаа дека Скопје во Лондон доби стратешки партнер и заем од шест милијарди евра за реализација на проекти во здравството и инфраструктурата.