Владата ќе плаќа 23,6 милиони денари од народни пари за промоција на своите проекти, но договорот е со компанија која делумно е во сопственост на бугарска фирма, ојави „Инфомакс“. Генералниот секретаријат на Владата склучил едногодишен договор со „Фрајдеј комуникации“ од Скопје за видео и фото продукција, како и за следење и информирање за проектите што ги финансира Владата.

Игор Јанушев го потпишал договорот, а компанијата ја делат Марко Костадиновски и „МК Медија Груп“ ЕООД, која е регистрирана во Благоевград, Бугарија. „МК Медија Груп“ е основана во 2020 година, со управител Зоран Милевски (бугарски државјанин), а сопственик е Ванчо Бошков, македонски државјанин. Со други зборови, парите на граѓаните ќе одат во промоција преку фирма поврзана со соседна држава, што отвора прашања за транспарентноста и мотивите зад изборот на оваа компанија.
Повеќе на следниот линк: