Анчелоти го откри денот кога Перез му кажал дека мора да си замине

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Минатата сабота, на натпреварот против Сосиедад, Лука Модриќ и Лукас Васкез се збогуваа со Бернабеу, а Карло Анчелоти се збогува со Реал. Додека Модриќ и Васкез ќе играат на Светското клупско првенство и ќе го напуштат клубот на крајот од сезоната, за Италијанецот, последното коло од Ла Лига беше неговиот последен натпревар на клупата за „кралевите“.

Тој ден, „Бернабеу“ беше полн со емоции, а Дон Карло беше преплавен од емоции и пролеа солза во неколку наврати. Анчелоти веднаш ја презеде клупата на Бразил, а во интервју за „Марка“ откри кога Перез му кажа дека е готово.

„Резултатите не беа онакви какви што очекувавме. Играта на тимот исто така не беше добра. Време беше да се направи нешто. По испаѓањето од ЛШ против Арсенал, разговаравме за тоа и одлучивме. Тоа е нешто што го предвидовме. Тимот не беше во добра форма и тогаш сите сфативме дека е најдобро Реал Мадрид да најде нов тренер, а јас да се свртам кон Бразил“, рече Италијанецот, потврдувајќи дека неговото заминување било договорено пред поразот во „Ел Класико“ што значеше крај на трката за титулата.

Италијанецот рече дека се обидел до крај да ја сврти ситуацијата во тимот, вели дека верувал до крај, но не успеал.

„Во денешниот фудбал, клубот треба да биде како семејство. Реал е пример. Тимовите минуваат низ добри и лоши времиња, а јас секогаш имав доволно самодоверба за да ги надминам лошите.“, додаде тој.

Слични содржини