Удрил мало дете со електричен тротинет, па избегал

од Nikola Popovski
19 прегледи

На 04.06.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк Тоше Проески во нас.Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје, по што лицето што го управувало со тротинетот го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Слични содржини