17
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Русија лансирала повеќе од 400 беспилотни летала и 40 ракети, вклучувајќи балистички ракети, во денешниот напад врз Украина, и дека досега е познато дека три лица се убиени, а 49 се повредени.
„Русија не го менува својот стил. Уште еден голем напад врз градовите и обичниот живот. Тие ја погодија речиси цела Украина: во Волинскиот, Лвовскиот, Тернополскиот, Киевскиот, Сумискиот, Полтавскиот, Хмелницкиот, Черкашкиот и Чернихивскиот регион. Некои од ракетите и беспилотните летала беа соборени. Благодарност до нашите војници за заштитата“, напиша Зеленски на Фејсбук, објави Укринформ.
Според него, бројот на жртви може да се зголеми.