Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Банон, изјави дека Трамп треба да издаде извршна наредба со која ќе се искористи законот за мобилизација на националната безбедност од времето на Корејската војна – познат како Закон за производство на одбраната – за да се преземе контролата врз компанијата SpaceX на Елон Маск, и дека Маск треба да биде депортиран во Јужна Африка.
Банон, кој е познат и како критичар на Маск, го кажа ова во својата емисија „War Room Live“ и додаде дека американската влада треба да го заземе SpaceX, и дека безбедносната дозвола на Маск треба да биде поништена, а сите федерални договори со неговите компании да бидат суспендирани додека трае истрагата, објави „Њујорк тајмс“.
Според него, треба да се покрене и постапка за депортација против Маск.