11
Бразилскиот фудбалер Габриел го продолжи договорот со Арсенал, објави денес англискиот клуб.
На веб-страницата на Арсенал не е наведено за колку години е потпишан договорот, а стариот важеше до 30 јуни 2027 година.
„Дојдов во клубот како млад играч и по речиси пет години сум многу среќен што научив многу. Горд сум на себе, ова беше неверојатно патување и многу сум среќен што го продолжувам. Се надевам дека ќе освојам некои трофеи со овој клуб, бидејќи го сакам овој клуб, а и моето семејство го сака“, рече Габриел, како што објави веб-страницата на клубот.