Тепачка во Белата куќа: „Маск удрил министер со рамо, а потоа добил тупаница“

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Илон Маск наводно се пресметал физички со американскиот секретар за финансии Скот Бесент во април, според „Њујорк пост“. Инцидентот се случил по состанокот во Овалната соба, на кој присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп. Расправијата била околу назначувањето на нов шеф на Службата за внатрешни приходи (IRS).

Тензиите ескалирале во ходникот на Белата куќа, каде што Маск и Бесент размениле навреди. Според поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон, министерот го обвинил Маск дека не ги исполнува ветувањата за значителни заштеди во државниот буџет, нарекувајќи го измамник. Потоа, тврди Бенон, Маск го удрил Бесент со рамо „како фудбалер“, по што Бесент му возвратил. Тепачката била прекината од присутните сведоци.

Бенон тврди дека Трамп рекол „премногу е“ и дека тоа довело до заминување на Маск од неговата администрација. Дотогаш, Маск ја држеше функцијата раководител на Одделот за ефикасност на владата (DOGE), и тврдеше дека ќе придонесе за намалување на владините расходи за дури два трилиони долари.

По напуштањето на администрацијата на Трамп, Маск почна јавно да го критикува американскиот претседател за тоа што му се заканувал со евентуално прекинување на соработката со компании како што се SpaceX и Tesla, велејќи дека неговиот поранешен политички партнер и сојузник „го изгубил компасот“.

Слични содржини