Кај повредените пациенти од кочанската трагедија, освен изгореници, има лица и со инхалаторна повреда, како и со психолошката траума. Пациентите се поделени во пет групи според класификацијата на повреди и на оние во 4-та и 5-та група ќе им треба продолжено лекување, а кај дел од нив и оперативен хируршки третман.
-Засега не е благодарно да се каже колку време би траело лекувањето, но станува збор за подолготраен третман, изјавија денеска на прес-конференција во Владата, на која присуствуваа портпаролката Марија Митева, д-р Катерина Мирчовска – директор на болницата во Кочани и д-р Гордана Георгиева.
Во наредните денови, ќе има активности во кочанската болница со повредените околу земање мерки за компресивната облека за преостанатиот број на пациенти со кои не била направена. Се работи и на силиконски маски по мерка за оние кои имаат повреди на лицето.