Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа

од Nikola Popovski
59 прегледи

Членките на Обединетите нации со огромно мнозинство гласаа за резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници што ги држи Хамас и неограничен пристап за дистрибуција на итно потребната храна на двата милиони Палестинци кои живеат во тешки услови поради израелската агресија.

Гласањето во Генералното собрание, кое брои 193 члена, се одржа вчера и заврши со 149 гласа „за“, 12 „против“ и 19 „воздржани“, вклучувајќи ја и Македонија, која, заедно со Албанија, беа единствените земји од регионот кои не гласаа „за“ резолуцијата. Резултатот од гласањето бил дочекан со громогласен аплауз во салата.

Документот, подготвен од Шпанија, меѓу другото, „остро го осудува гладувањето на цивилите како метод на војување“. Пред гласањето, амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, остро се спротивстави на резолуцијата. Тој негираше дека Израел го користи гладот ​​како оружје.

И во септември 2024 година, Македонија беше воздржана кога Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката палестинска резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година.

Слични содржини