22
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денес во телефонски разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека Анкара е подготвена да посредува во решавањето на спорот околу нуклеарната програма на Иран, што доведе до конфликт меѓу Израел и Иран, соопштија од Кабинетот на Ердоган.
Во соопштението се вели дека Ердоган ја поздравил последната изјава на Трамп за можен мир меѓу Иран и Израел и го повикал Трамп да преземе итни мерки за да спречи катастрофа „што би можела да го запали регионот“.
Се нагласува дека Ердоган посочил дека единствениот начин за решавање на нуклеарниот спор е преку дипломатија и дека Турција е подготвена да вложи сите напори, вклучително и медијација.