Во ненадејна поплава во округот Кер во Тексас, најмалку 24 луѓет ги загубиле животите, 237 жители се евакуирани или спасени,а се трага по 20 девојчиња од христијански летен камп, јавуваат американските медиуми.
Во кампот имало 750 деца.
Реката Гуадалупе за само два часа го зголемила нивото за речиси седум метри по поројниот „100 годишен“ дожд, и надојдените води почнале да носат кампер-возила, автомобили и куќи. Вонредна состојба е прогласена во неколку окрузи, каде што се уништени патишта и телефонски линии. Најпогодено е гратчето Кервил, каде животите ги загубиле 13 жители.
Силни дождови имало на повеќе места во јужно-централното подрачје на Тексас.