Случај што ја потресе Италија: Кучето-трагач Бруно брутално убиено, реагираше и премиерката Мелони

од desk2
40 прегледи

Седмогодишниот Бруно од расата големи гоничи, кој во Италија беше славен поради пронаоѓањето исчезнати беше пронајден убиен во својот бокс во центар за обука на кучиња. Случајот ја потресе Италија, а од Бруно се прости и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

Според италијанските медиуми, Бруно бил обучуван во Швајцарија за пронаоѓање луѓе, а бил способен да следи човечки траги понекогаш и неколку дена подоцна.

Песот бил пронајден во петокот во крвава локва во центарот за обука во Талсано од неговиот инструктор Арканџело Кареза. Според полицијата, Бруно е убиен така што засега непознати лица преку оградата му фрлиле неколку колбаси во кои имало шајки.

„И јас умрев со ова… Го убивте така што го натеравте да страда со часови. Цел живот си се борел да помогнеш на човечко битие, а човечко битие ти го направи ова. Кога на некој од твоите роднини ќе му треба Бруно, тој нема да биде тука. Ќе платат за ова, ти се колнам“, гласи трогателната порака од Кареза.

Од Бруно се прости и премиерката Мелони, која сподели нејзина фотографија со кучето.

„Некои вести ти го кинат срцето. Подло, кукавичко, неприфатливо дело. Фала ти за се што направи, Бруно“, порача Мелони.

Слични содржини