Трамп испрати уште седум „царински“ писма, Македонија не е спомената

Претседателот на САД најави дека африканските земји би можеле да ги намалат своите царини и дека САД ги третираат државите во Африка подобро отколку Кина.

од desk2
9 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера известил уште седум земји за новите повисоки царини.

Тој предупреди дека нови царини од 30% ги очекуваат Алжир, Ирак, Либија и Шри Ланка, 25% за Брунеи и Молдавија, и 20% за Филипини. Во писмата на лидерите на Габон, Гвинеа Бисау, Либерија, Мавританија и Сенегал им порача дека царините од САД може да ги заобиколат.

Претседателот на САД најави дека африканските земји би можеле да ги намалат своите царини и дека САД ги третираат државите во Африка подобро отколку Кина.

На состанок со првите луѓе на Габон, Гвинеја Бисау, Либерија, Мавританија и Сенегал во Белата куќа, Трамп напоменал оти не смета дека на тие земји ќе им воведува какви било царини.

Слични содржини