Маж што го убил татко си и му ја отсекол главата, па објавил видео за убиството на интернет, на судењето проговори за својот мотив, јавија медиумите во САД.
Во јануари минатата година Џастин Д. Мон го објави вознемирувачкото видео во кое откри дека извршил убиство. Во 14-минутната снимка наречена „Монова милиција – Повик на оружје за американските родољуби“, којашто Јутјуб брзо ја отстрани, убиецот покажувал пластична вреќичка, велејќи дека во неа е главата на татко му. Главата била прикажана и во голем готварски лонец. Според обвинителството, Мон во нивниот дом во Левиттаун го убил татко си со пиштол, а потоа со нож и мачета му ја отсекол главата.
Набргу полицијата го пронашла обезглавеното тело. Форензичарите потврдиле дека станува збор за 68-годишниот Мајкл Ф. Мон, поранешен инженер во Филаделфиската група на Инженерскиот корпус на војската на САД.
Убиецот вели дека го извршил убиството бидејќи татко му, како кшто вели, сакал да го спречи да стане идниот Доналд Трамп. Во исказот на судењето кажал и дека ја објавил снимката оти знаел дека ќе стане вирална и се надевал дека со тоа ќе испрати порака на сојузната влада.
Во видеото бесно зборува за имиграцијата, фискалните политики, криминалот, Џо Бајден, ЛГБТК+ заедницата и војната во Украина. Татко си, кој 20 години работел за сојузната влада, го нарекува издајник.