Грчкиот остров Парос, во архипелагот Киклади, е избран од туристите за најубавиот остров на светот за оваа година.
Најголемиот дел од туристите што гласале во анкетата на магазинот Travel + Leisure, односно го избрале Парос за најубавиот оваа година. Минатата година Парос беше на 24-то место.
Читателите на Travel + Leisure го фалат Парос за вкусната храна – островот е познат по печурките, леблебијата и морската храна – и одличните можности за шопинг.
Но најмногу се одушевени од бело-сините села, како Науса, но и прекрасните бистри води на јужното Егејско Море.
Парос добил рејтинг од читателите од 96,5, а со рејтинг од 93,6 на второто место се пласира островот Палаван на Филипините. На третото место е островот Бали, а на 4-то е италијанскиот остров Искиа. На петтото место се пласираше островот Фиџи.
Ранг-листата се прави веќе 30 години.
Најпознатите мали грчки острови слични на Парос – Миконос и Санторини – ги зазедоа 13-то и 15-то место во класацијата.