Ако некој требаше прв да го осуди нападот врз градоначалничката на Скопје, тоа е претседателката на државата, пишува на својот фејсбук профил поранешниот заминик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски.
„Можеше и мораше да застане во нејзина одбрана, ако ништо друго, тогаш барем како жена која осудува насилство врз жени. Но, партиската послушност е очигледно поважна од моралот и етиката, на кои до вчера толку гласно се повикуваше професорката“, вели тој.
Инаку вчера на територија на општина Чаир била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што информираат од МВР, нападот се случил при извршување на службени обврски на територија на скопската општина.
МВР соопшти дека двајца осомничени се уапсени поради нападот врз градоначалничката.