Фатен скопјанец кај кого биле пронајдени запалени кабли

од Nikola Popovski
37 прегледи

На 11.07.2025 во 16.10 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(44) од Скопје, откако при преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.