Земјотрес во соседството почувствуван и во Македонија

Регистриран земјотрес на територија на Македонија

од Nikola Popovski
16 прегледи

Земјотрес со магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во среда, 16 јули 2025 година, во 22:43 часот, на територијата на Косово.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Рајинце, во близина на границата со Македонија.

Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотресот синоќа во 22 часот и 43 минути.