Двајца пензионери нападнале малолетник во Центар

од Nikola Popovski
26 прегледи

Во полициска станица е пријавено дека двајца пензионери нападнале малолетник во центарот на Скопје.

Според МВР, на 17.07.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, Ф.И.(37) од Скопје пријави дека околу 21.00 часот на подрачјето на Центар неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Н.(75) и 75-годишната З.Н., двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини