Пожар во Кочани во непосредна близина на партиски простории на СДСМ

од Nikola Popovski
106 прегледи

Попладнево пожар зафати куќа во центарот на Кочани на улицата „Браќа Ставреви“. Две противпожарни возила спречиле огнената стихија да зафати други објекти. Како што може да се забележи, во непосредна близина на опожарениот објект се локалните партиски простории на Општинската организација на СДСМ Кочани.

Досега, нема информации за повредени лица.

Се очекуваат повеќе информации од Министерството за внатрешни работи во текот на денот.

-Се работи за урбан пожар настанат во индивидуална куќа и проширен на соседна куќа (лепенка). Куќите се од збиен тип и можно е дополнително проширување, велат од ЦУК.

Слични содржини