Тепачка во клиниката „8 Септември“ – интервенирала полицијата

од Nikola Popovski
93 прегледи

Инцидент се случил во текот на вчерашниот ден во клиниката „8-ми септември“, информираат од МВР.

-На 23.07.2025 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од село Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата, стои во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Слични содржини