Федерацијата на германските индустрии (BDI) ја критикуваше спогодбата со која „се реши“ царинскиот спор меѓу ЕУ и САД, оценувајќи дека рамковниот договор испраќа катастрофален сигнал на економиите.
„Спогодбата е неадекватен компромис и испраќа катастрофален сигнал на тесно поврзаните стопанства на двете страни на Атлантикот“, се вели во реакцијата на BDI објавена вчеравечер.
Претставниците на германските индустрии се на став дека ЕУ прифаќа „болни“ царини и очекува дека дури и царинската стапка од 15% ќе има значителни негативни последици.
Ако не се постигнеше договорот со САД, според најавите од претседателот Доналд Трамп, царините ќе изнесуваа 30%.
„Единствениот позитивен аспект на оваа спогодба е дека засега е избегната понатамошна ескалација“, се вели во соопштението од BDI.
Федерацијата смета дека сега е клучно спогодбата да стане обврзувачка, со објаснување дека компаниите од двете страни на Атлантикот им е потребна сигурност, кога се во прашање синџирите на снабдување и вложувањата.
„Дополнителен удар“ е и отсуството за извозот на челик и алуминиум, смета BDI.
САД и ЕУ викендов постигнаа рамковна трговска спогодба, по неколку месеци преговори и стрепење на бизнисите и потрошувачите во ЕУ и во САД.
Речиси сите европски производи што ќе се извезуваат во САД ќе бидат царинети таму со 15%, вклучително и автомобилите, што сега подлежат на американска царина од 27,5%, како и полупроводниците и фармацевтските индустрии.
Царината од 15% е максималната и не се додава на ниту една друга царина. Нема да се царинат леталата и авионските делови – ниту во ЕУ, ниту во САД – потоа одредени хемиски производи, генерички лекови, опрема за полупроводници, некои земјоделски производи и ретки минерали. На овој список ќе се додаваат уште производи, а за алкохолните пијалоци допрва ќе се решава.
Најголемиот проблем е царинењето од страна на САД на европското железо и алуминиумм со 50% стапка, но претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен соопшти дека таа царина накнадно ќе се намали и ќе се замени со квоти.