Коалицијата Европски фронт нема да стои настрана во трката за Градот Скопјe. Ова денес официјално го потврди потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми. Тој изјави дека мултиетничката коалиција наскоро ќе го претстави својот кандидат за градоначалник на Скопјe на локалните избори што ќе се одржат во октомври.
„Европскиот фронт ќе има кандидат за Скопјe. Неговото име наскоро ќе биде објавено“, нагласи Адеми пред новинарите, додавајќи дека во наредните денови сите имиња на кандидатите за општините ќе бидат јавно објавени, вклучително и оние од крилата на Алијансата за Албанците предводени од Арбен Таравари и Зијадин Села.
Адеми потврди дека Европскиот фронт и Алијансата за Албанците ќе излезат со заеднички листи за советници во одредени општини.
Пред неколку дена и владејачката ВЛЕН најави дека ќе има свој кандидат за градоначалник на Град Скопје.