Изгласана интерпелацијата за Коцевски

од Nikola Popovski
72 прегледи

Собранието ја прифати иницијативата на пратеничката група на Левица и ја изгласа интерпелацијата на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Од 102 регистрирани пратеници, 70 пратеници гласаа „За“ без ниту еден против или воздржан.

Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител се основани. Оттаму, заклучокот од Собранието се доставува до Владата и лично Коцевски. Јавниот обвинител не присуствуваше на собраниската седница.

Со оваа одлука, одлуката за следните чекори останува на самиот обвинител – дали ќе поднесе оставка или ќе продолжи да ја извршува функцијата.

Законот за јавно обвинителство пропишува дека има неколку „патишта“ по кои може да се отпочне процедура за предвремено разрешување на државниот јавен обвинител. Освен што треба да постои тешка дисциплинска повреда или членство во партија, сите модуси за разрешување предвидуваат дека и Советот на јавни обвинители треба да даде мислење за таква иницијатива.

Уште во февруари, Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител.

Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години.

Коцевски на функцијата државен јавен обвинител дојде на 13 февруари 2024 година. Претходно на ова место беше Љубомир Јовески, чиј шестгодишен мандат истече на 25 декември 2023 година.

Слични содржини